Украински војник од Соледар испрати потресна порака до Киев: Зошто да умреме, кога ќе го напуштиме градот?!

Од:

Украински војник за Си-Ен-Ен изјави дека ситуацијата во источниот град Соледар е „критична“ и дека бројот на жртвите е толку голем што „никој не ги брои мртвите“.

Си-Ен-Ен јавува дека тој е војник од 46-та воздушна бригада, која го брани Соледар од руските сили и платениците на Вагнер.

„Никој нема да ви каже колку мртви и повредени има. Затоа што никој не знае со сигурност. Ниту еден човек. Ниту во штабот. Никаде. Позициите постојано се заземаат и повторно заземаат. Она што беше наше засолниште денес, станува Вагнерово следниот ден“.

Војникот, исто така, додаде дека верува оти украинските воени лидери на крајот ќе се откажат од борбата за Соледар и се чуди зошто тоа сè уште не го сториле.

„Сите разбираат дека градот ќе биде напуштен. Само сакам да разберам што е поентата. Зошто да умреме, ако го напуштиме денес или утре?“, праша тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива