Украински воен авион бил во близина на малезискиот „Боинг“ пред несреќата, тврди Москва

Од:

Украинскиот авион-ловец Су-25 се наоѓал на три до пет километри од малезискиот „Боинг“ непосредно пред тој да се урне, изјави денеска членот на Генералштабот на руските Вооружени сили, генерал Андреј Картополов.

– Регистриран е премин на украински авион Су-25 во правец на малезискиот „Боинг“, кој тогаш бил оддалечен на три до пет километри. Авионот-ловец Су-25 може да достигне височина од 10.000 метри. Тој е вооружен со ракети „воздух-воздух“, кои можат да уништат цели на растојание до 12 километри и гарантираат сигурно уништување на цел до пет километри, истакна Картополов, кој е начелник на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб.

Тој нагласи дека тоа може да се потврди од видео снимки, добиени од Ростовскиот центар за набљудување.

– Сакаме да добиеме одговор на прашањето со каква цел украинскиот авион летал во цивилен коридор и на исто летечко ниво со малезискиот „Боинг“, објасни Картополов на прес-конференција во Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици