Украински суд ја забрани проруската партија на обвинетиот Медведчук

Од:

Украински суд ја забрани проруската партија „Опозициска платформа – За живот“, водена од Виктор Медведчук, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Информацијата ја соопшти украинското Министерство за правда.

Судот во западниот град Лавов одлучи да ги префрли на државата имотот, средствата и други работи што ѝ припаѓаат на партијата предводена од Медведчук, богат бизнисмен обвинет за предавство, пишуваат британски медиуми.

Министерството дејствуваше според закон усвоен од Парламентот минатиот месец. Со законот, се овозможува да му се обрати на судот и да бара забрана за партии, чии активности се сметаат за закана кон Украина.

Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана препорача дефиницијата да се примени за партијата на Медведчук, втора по големина во Парламентот.

Медиуми пишуваат дека нејзините пратеници преферирале блиски врски со Москва, наместо интеграции со Европа.

Медведчук може да добие затворска казна до 15 години, доколку биде осуден за предавство и кршење закони и обичаи на војната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ