Украински разузнавач: Нашата главна цел е да го убиеме Путин

Од:

Главната цел на украинското разузнавање е да го убијат рускиот претседател Владимир Путин.

Ова го изјави Вадим Скибицки, заменик-шеф на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина во интервју за Велт.

Според него, разузнавачите имаат прилично голема листа на „цели“, која не се состои само од најважните луѓе. На самиот врв е претседателот на Русија.

Наводно, Путин е свесен за плановите на украинската разузнавачка служба која бара можност да му се доближи.

За елиминација се означени и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов. На прашањето дали Киев стои зад атентатот на новинарката и активистка Дарија Дугина минатиот август и воениот блогер Владлен Татарски на крајот на април, како и атентатот на писателот Захар Прилепин претходно овој месец, Скибицки рече дека тоа се „внатрешни работи“.

Скибицки додаде дека руските „пропагандисти“ не се приоритетни цели за неговата служба, за разлика од командантите на руските воени единици.

Би можело да ве интересира

Руски воен блогер: Ситуацијата во Донецк од час во час станува се поалармантна

Пригожин: Украинците ги враќаат загубените позиции во Бахмут

ВИДЕО: Дронови паднаа на автопат јужно од Москва

Платеници од Полска се борат и во рускиот Белгород

(ВИДЕО) Украинците споделуваат видео: Војската моли за тишина

Катерина Павлова-Николовска

Украинска армија: Нема да објавиме почеток на контраофанзивата

Ана Ололовска