Украински командант: Ситуацијата на бојното поле ескалира, Русите сакаат да се одмаздат

Од:

Командантот на украинските копнени сили Олександер Сирски изјави дека ситуацијата во североисточниот дел на фронтот „значително ескалирала“. Тој посочи дека руските сили се надеваат дека ќе ја пробијат одбраната во правец Купјанск-Лиман.

Сирски смета дека руската армија всушност сака „одмазда“ со враќање на територијата што некогаш била под нејзина окупација. На „Telegram“ се појави видео на кое се гледа како Сирски им зборува на војниците за моменталната ситуација на линијата на фронтот, пишува Гардијан.

На почетокот на август Русија започна напад врз Купјанск и околината, поместувајќи ја линијата на фронтот за околу три километри. Гранати паднаа врз градот, принудувајќи ги локалните власти да започнат со евакуација на цивилите.

Да потсетиме, минатата недела Украинците известија за жесток руски напад врз Авдијивка, град северно од Доњецк. Иако руските воени блогери прво зборуваа за голем пробив на руските сили, се чини дека овие тврдења не беа точни. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од уништена руска воена опрема, наводно создадена во областа.

извор: Индекс.хр

Би можело да ве интересира

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

Руските сили го нападнаа градот Октирка, оштетени се неколку станбени згради

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

„Фајненшл тајмс“: Путин се подготвува за војна на другиот крај од светот

Горан Наумовски

Неколку земји од ЕУ се подготвуваат за војна

(ВИДЕО) Алавитите масовно бегаат кон бреговите на Сирија, ги засолнуваат своите најблиски