Украински командант: Беше прашање на време кога Русите ќе не нападнат

Од:

Само два дена по договореното примирје, проруски бунтовници го зазедоа Дебалчево, една од стратешки најважните точки во источна Украина, поради што 8.000 украински војници беа принудени на бегство.

Она поради што Дебалчево е толку важно е неговата положба, со оглед на тоа што се наоѓа на половина пат помеѓу двата клучни градови кои се под контрола на проруските сили, Доњецк и Луганск.

mapaLuganskDOnjeck

Поручник Јури Брекариј за „Вилстрит журнал“ изјави дека војниците под негова команда во Дебалчево живееле како хобити и дека речиси цело време биле во ровови каде што и се криеле.

-Беше прашање на времето кога Русите ќе не срамнат со земја. Не нападнаа со таква сила што и рововите се тресеа. Едноставно беа посилни на секое поле и морам да признам дека имавме среќа што извлековме живи глави – вели поручникот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa