Украински дронови го нападнаа Грозни, одекнаа четири експлозии

Од:

Во главниот град на Чеченската Република, Грозни, одекнаа четири експлозии, соопштија денеска властите на каналот Телеграм, повикувајќи се на сведоштвата на локалните жители и наведувајќи дека се работи за напад на украински беспилотни летала.


Очевидци тврдат дека слушнале звуци од експлозии околу 7.45 часот по локално и по московско време, наведувајќи дека пред детонациите во блиското село се слушнале звуци карактеристични за беспилотни летала (UAVs), пренесува руска „Газета“.


„Прелиминарно може да се каже дека се работи за напад со дрон“, се вели во соопштението на локалните власти, во кое се прецизира дека во градот се регистрирани четири експлозии.

Потврдено е и дека локалната полиција отворила оган врз дронови кои биле програмирани да ја напаѓаат полициската станица.

Би можело да ве интересира

Нови локации за забрана за користење на дронови, овој пат во Скопје

Забрана за летање и снимање со дронови на десетина локации во земјава

Предраг Петровиќ

АЦВ за снимањето со дронови: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо

Предраг Петровиќ

МВР: Забрана за користење дронови во Штип и Кочани

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Руската војска во текот на ноќта собори 19 украински беспилотни летала