Украински дрон погоди автомобил на руски новинари, еден загина

Од:

Украински беспилотно летало ФПВ нападна автомобил со руски новинари на автопатот Доњецк – Горловка, јавува дописникот на РИА Новости, Максим Романенко од местото на инцидентот.

Како резултат на нападот, беше убиен хонорарниот дописник на „Известија“, Александар Мартемјанов.

– По снимањето на последиците од гранатирањето во Горловка, се вративме во Доњецк. На автопатот нашиот автомобил беше погоден од камиказе дрон – рече тој.

Самиот Романенко се здоби со потрес на мозокот и гребаници на лицето, а повредени се и четворица вработени во руските медиуми.

Според новинарите, украинските вооружени сили намерно удриле во цивилно возило сместено далеку од контактната линија.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски