Украинската полиција објави дека открила 25 кампови за мачење околу источниот град Харков по ослободувањето на областа од руската окупација.
Руските војници приведувале и мачеле цивили во кампови во нехумани услови, напиша во понеделникот на Фејсбук началникот на регионалната полиција Володимир Тимошко.
– Некои затвореници биле изложени на струен удар, а на некои им биле скршени прстите, рече Тимошко.
Областа околу Харков со месеци беше окупирана од руските сили. Тие се повлекоа дури на почетокот на септември по украинската контраофанзива.