Украинската криза ја зголеми цената на нафтата на 91 долар

Од:

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија на 91 долар, бидејќи украинската криза и тензиите меѓу Русија и Западот ги надминаа индициите дека Федералните резерви на САД (ФЕД) ќе ја заострат монетарната политика.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневните часови беше во плус од 74 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 90,70 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 87 центи поскапо, по 88,22 долари.

Цените во средата првпат по седум години надминаа 90 долари на лондонскиот пазар, поттикнати од тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.

На почетокот на денешното тргување, цените на двата пазари паднаа под влијание на вчерашната најава на Федералните резерви на САД дека најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки во март и ќе го прекине купувањето на обврзници за да се ограничи инфлацијата.

Американскиот долар зајакна по најавата на ФЕД, па нафтата поскапе за купувачите кои користат други валути, што обично ја кочи побарувачката.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците нападнаа пазар, има мртви и ранети

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Баро: Путин сака да избегне мир

Москва: Покренавме голема офанзива во регионот Курск, во сите правци

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети