Украинска пратеничка: Губиме територија

Од:

Украинска пратеничка изјави дека Украина губи територија и не успева да ја ослободи откако Русија почна да ги концентрира нападите на истокот на земјата во регионот на Донбас.

Ивана Климпуш-Цинкадзе изјави за Sky News дека се надева дека ситуацијата во источна Украина наскоро ќе се промени: „За жал, во овој момент, Русија ги акумулира сите свои воени капацитети на истокот на нашата земја“.

„Ние губиме територии и тие во моментов остануваат во рацете на окупаторите. Се надеваме дека ќе дојде моментот и можноста да ги ослободиме“, додаде таа.

Пратеничката им се заблагодари на сојузниците од запад кои испраќаат воена помош за Украина, но нагласи дека на бранителите им треба повеќе оружје: „Во некои делови од земјата Русите се бројно посупериорни од нашите борци“, рече таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ