Украинска армија: Окупаторите крадат автомобили од цивилите во Херсон и бегаат

Од:

Украинската армија добива се повеќе пријави за грабежи во окупираниот град Херсон, соопшти вечерва Генералштабот на вооружените сили на Украина.

„Зголемен е бројот на случаи на грабежи и други незаконски дејствија во Херсон. Окупаторите крадат автомобили од локалното население и се обидуваат да го напуштат градот користејќи го траектот на мостот Антонивски“, соопшти украинската војска.

Претходно денеска, проруските власти во окупираниот Херсон наредија цивилите да се евакуираат на источниот брег на реката Днепар.

Украинскиот контранапад е се поблиску до тој град, кој уште во март беше окупиран од Русите. Киев ги отфрла руските тврдења за загрозување на цивилите како „неоснована хистерија“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива