Украинец осуден во Русија на 10 години затвор за шпионажа

Од:

Руски суд го осуди украинскиот државјанин А.В. Марченко на 10 години затвор за шпионажа, откако го прогласи за виновен за обид за продажба на резервни делови за ракетен систем земја-воздух, соопшти денеска руската служба за безбедност на ФСБ.

ФСБ изјави дека пресудата против Марченко, е донесена од Регионалниот суд во Краснодар, во јужна Русија, и стапи на сила откако беше потврдена од Апелацискиот суд, пренесе Тасс.

Односите меѓу Москва и Киев се влошени од 2014 година, а тензиите се зголемија во последните неколку недели поради акумулацијата на руските воени сили во близина на украинската граница. Москва, која соопшти дека е дел од воена вежба, минатата недела соопшти дека започнала со враќање на трупите во нивните бази, наведуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица