Украинците тврдат дека ситуацијата во најголемата нуклеарна централа е критична

Од:

Најголемата европска нуклеарна централа, лоцирана во окупираниот југоисточен украински регион Запорожје, се соочува со критичен недостиг на резервни делови, соопшти воената разузнавачка агенција на Украина.

Разузнавачи од Министерството за одбрана велат дека во фабриката се развила критична ситуација во смисла на обезбедување стабилна и безбедна работа. Резервни делови и потрошен материјал речиси и да нема.

Нуклеарката во Запорожје ја окупираа руски војници веднаш откако Русија ја почна инвазијата, но централата сè уште ја водат украински техничари. Со институцијата управува персонал со неделни ротации чии лични работи и телефони се одземени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион