Украинците се закануваат: „Ќе го уништиме рускиот мост кон Крим“

Од:

Украина објави детали за изградбата на рускиот мост преку Керченскиот теснец до Крим, што укажува на закана да го таргетира тој клучен пат кон полуостровот анектиран од Русија во 2014 година.

Според наводите, украинската воена разузнавачка служба објавила официјални руски податоци за изградба на мостот, иако не било можно веднаш да се утврди автентичноста на документот од речиси 300 страници.

Документот беше објавен еден ден откако украинскиот генерал Дмитриј Марченко рече дека мостот ќе биде цел број еден доколку Киев го добие потребното оружје.

Генералот Марченко рече дека Москва го користела мостот за транспорт на материјали за Крим и јужна Украина. Изградбата на 18-километарскиот мост чинеше милијарди, а од 2018 година го поврзува Крим со руското копно.

Портпаролот на руската влада Дмитриј Песков изјави дека се преземени сите мерки на претпазливост за да се обезбеди безбедноста на Крим. Тој додаде дека Кремљ е свесен за најновите закани на Киев да го таргетира мостот. Москва се закани дека ќе го бомбардира Киев доколку мостот биде нападнат.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека заканата на Марченко е во спротивност со ветувањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски до западните партнери дека нема да користи оружје со долг дострел за да ја нападне руската територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена во понеделникот во Киев вети: „Се разбира, ќе го ослободиме нашиот Крим“. Руската армија го окупираше полуостровот на Црното Море во 2014 година, кога Украина беше ранлива на промена на власта и не можеше да пружи отпор. После тоа се одржа меѓународно непризнаен референдум и Крим беше припоен кон Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ