Украинците објавија: Уапсен e руски војник

Од:

Украинската полиција уапси руски војник кој се криел во напуштени згради околу шест месеци по ослободувањето на регионот Харков.

42-годишен војник од 27-та моторизирана гардиска бригада на Русија бил приведен во понеделникот од полициска патрола која ги надгледува селата околу Купјанск.

Уапсениот тврди дека се криел откако украинските сили ја ослободиле областа.

Мажот, облечен во цивилна облека, очигледно се одвоил од својата единица кога побегнале пред украинската контраофанзива минатиот септември.

Се уште не е јасно како успеал да се крие шест месеци по руското повлекување.

Украинскиот изненадувачки контранапад во Харковската област се случи во исто време кога руските сили беа нападнати од југ.

За само неколку дена, Украинците ги истуркаа Русите од повеќе од 6.000 квадратни километри територија и воспоставија контрола над Харковската област, а истакнаа украински знамиња во селата и градовите кои беа под руска окупација од почетокот на инвазијата.

Контранападот изненади илјадници руски војници, а украинските сили ги извлекоа од нивните засолништа во подрумите и околните шуми.

Недолго по ослободувањето, украинските власти извршија темелна потрага од врата до врата по руски војници кои биле оставени или намерно оставени за да извршат саботажа.

Во понеделникот, началникот на Регионалната воена управа на Херсон, Олександр Прокудин, рече: „Властите добија дојава за присуство на руска диверзантско-инфилтрациона група во областа и беше воведен построг полициски час во градот, кој сега ќе трае од 17 до 6:30 часот, со цел да се спречат цивилни жртви додека војниците и полицијата трагаат по руски инфилтратори“.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк