Украинците не се предаваат: Обновуваат станбени згради по руски напади

Од:

Иако војната меѓу Русија и Украина е далеку од завршена, Украинците се решени да ги вратат своите животи во некаква нормалност. Еден начин да го постигнат тоа е со обнова на станбени згради кои се погодени од руски проектили и гранати.

Една таква зграда неодамна беше реновирана во Киев. Фотографии од зградата по рускиот напад денеска објави и Емине Џепар, заменик министер за надворешни работи на Украина.

„Уште една станбена зграда во Киев е обновена по рускиот напад. Украина никогаш нема да се откаже. Ќе направиме се што е во наша моќ да ја запреме руската агресија и да не дозволиме да се шири понатаму. Колку повеќе оружје добиеме, толку повеќе животи ќе има спасени, а правдата ќе биде задоволена“, најави таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ