Украинските власти денеска забранија летови над источниот дел на земјата, кои се под контрола на проруските сили, соопшти шефот на украинската воздушна администрација Денси Антонјук.
– Летовите се забранети за руски компании до градовите Харков и Дњепропетровск од безбедносни причини, изјави Антонјук, без да објави повеќе детали.
Двата града се под контрола на проруските сили од Доњецк и Луганск.
Забраната за летови се однесува и на една украинска компанија Дњипровија, изјави Антонјук.