Висок украински функционер на истокот на земјата вели дека вооружените сили ги контролираат сегашните позиции, но дека е многу тешко да се напредува бидејќи Русите донеле значителни резерви, пренесува Си-Ен-Ен.
„Продолжуваат многу жестоки борби во нашиот регион Луганск. Тешко е. Но ситуацијата е апсолутно стабилна и под контрола на вооружените сили на Украина“, изјави денеска за украинската телевизија Сергeј Хајдај, шеф на регионалната воена управа на Луганск.
Дојдоа многу мобилизирани луѓе, тие постојано одат во офанзива, додаде тој.
Зборувајќи за линијата север-југ, која се протега меѓу Сватови и Кремина, Хајдај вели дека напредувањето таму е многу тешко.
„Таму сè е многу темелно минирано. Колку и да е тешко, Луганск се ослободува чекор по чекор, метар по метар“, рече тој.