Украина: Русите лансираа шест ракети „Кинжал“ – сите ги урнавме

Од:

Украина објави дека ги соборила сите шест истрелани руски хиперсонични ракети Кинжал, кои Москва претходно ги рекламираше како речиси незапирливо супероружје.

Тоа е првпат Украина да тврди дека соборила повеќе хиперсонични ракети. Доколку овие наводи се потврдат, тоа ќе биде демонстрација на ефикасноста на неодамна распоредената западна противвоздушна одбрана, наведува Ројтерс.

„Мисијата на непријателот е да сее паника и да создаде хаос. Меѓутоа, во северната оперативна зона (вклучувајќи го и Киев) сè е под целосна контрола“, рече украинскиот генерал Серхи Наев.

Шест Кинжали, балистички проектили кои патуваат до 10 пати поголема од брзината на звукот, беа меѓу 18-те проектили што Русија ги истрела во Украина.

Руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили го уништиле американскиот противракетен систем Патриот со Кама, објави воениот медиум Звезда. Сепак, врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, изјави дека сите Кинжали биле успешно соборени.

Би можело да ве интересира

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ