Русија има агенти во одбранбениот сектор на Украина кои испраќаат информации до Москва и ѝ овозможуваат на Русија да ги предвиди украинските потези на бојното поле, изјави денеска Федир Вениславски, претставник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, обраќајќи им се на украинските парламентарци.
Вениславски предупреди дека Украина „не може да го потцени непријателот“, пренесува Ројтерс.
– Нивната главна разузнавачка управа, за жал, има многу агенти, вклучително и во нашиот одбранбен сектор. Мислам дека делумно ги разбираат следните чекори на нашите вооружени сили кои ќе ги видиме во блиска иднина – рече Вениславски.