Украина, Русија, Бугарија и Турција жртви на кибер-напад со вирусот „Бед ребит“

Од:

Транспортни компании,медиуми и државни институции во Украина, Русија, Турција, Бугарија и други земји вчера беа мета на кибер-напад со компјутерскиит вирус „Бед Ребит“ (Bаd rabbit).

Според соопштението на фирмата за компјутерска безбедност ESET, меѓу хакираните компјутерски мрежи се оние на аеродромот во Одеса, украинското Министерство за инфраструктура, редакциите на руската информативна агенција Интерфакс.

ESET регистрирала стотици напади со вирусот „Дискодер.Д (Diskcoder.D – Bad Rabbit)“, кој е нова модификација на вирусот „Petya“. Претходната верзија на „Дискодер“ беше употребена при хакерски напад во јуни оваа година.

Претходно, фирмата за кибербезбедност „Лабораторија Касперски“ соопшти дека нападот со Bad Rabbit е насочен против корпоративни мрежи.

Би можело да ве интересира

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски