Украина: Руси погодија болница со ракета, четворица мртви

Од:

Украинската државна радио-телевизија Суспилне јави дека четворица цивили биле убиени во нападот утринава врз Авдијивка во областа Доњецк.

„Утринава руските сили извршија ракетен напад врз Авдијевка. Ракетите ја погодија болницата во која се криеја цивили. Според прелиминарните податоци, загинаа четворица цивили“, објави украинскиот гувернер на Доњецк, Павло Кириленко.

Тој објави фотографии од тешко оштетена трикатна зграда и ги повика жителите на тој мал индустриски град да се евакуираат што е можно поскоро: „Секој нов ден поминат во Доњецк го зголемува ризикот да станете жртва на руска агресија“.

Оваа информација не е независно потврдена.

Би можело да ве интересира

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ