Украина: Подготвени сме денес да потпишеме клучен договор со Америка

Од:

Украина е подготвена да потпише договор за минерали со САД и би можела да го стори тоа подоцна денес, изјави извор од украинската влада за Ројтерс.

„Мислам дека договорот би можел да биде потпишан можеби доцна навечер по киевско време“, рече изворот.

Украинските власти се надеваат дека потпишувањето на договорот, кој го промовира американскиот претседател Доналд Трамп, ќе помогне во зајакнувањето на американската поддршка за Киев во војната предизвикана од руската инвазија пред повеќе од три години.

Првата вицепремиерка на Украина, Јулија Свириденко, патува во САД за да го потпише договорот, додаде извор од украинската влада.

Двете страни потпишаа меморандум на 18 април како прв чекор кон постигнување договор за експлоатација на минералните ресурси во Украина. Во меморандумот, тие наведоа дека имаат намера да ги завршат преговорите до 26 април и да го потпишат договорот што е можно поскоро.

Два дена подоцна, украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека Киев и Вашингтон се согласиле дека претходната американска помош за Украина нема да биде вклучена во договорот за минерали. За време на патувањето во САД минатата недела, Шмихал се сретна со американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, и рече дека е постигнат „добар напредок“ во договорот.

Шмихал, исто така, рече дека Киев јасно ги дефинирал своите граници во договорот во однос на обврските на Украина во Европа и украинските закони.

Би можело да ве интересира

Карибите на работ на војна; Путин му испраќа оружје на Мадуро – САД подготвуваат одговор

ВИДЕО: Америка драстично го намалува бројот на летови, владината блокада влезе во нов рекорд

ВИДЕО: Блокадата на федералната влада на САД е најдолга во историјата, можно затворање на дел од возхушниот простор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аеродромите во САД парализирани поради блокиранот буџет

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Сириски: Руските трупи ги интензивираат нападите околу Покровск, Украина ја зајакнува одбраната