Украина побарала воена помош од Белгија

Од:

Државната телевизија ВРТ обелодени дека Украина испратила барање до Белгија за воена опрема, но белгиската Влада не одговорила, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според информациите на медиумот, Украина барала околу пет илјади шлемови, но и оружје и муниција уште пред неколку недели.

Од кабинетот на министерката за одбрана, Лидивин Дедондер, потврдија дека белгиската федерална Влада добила неформално, а потоа и формално, барање за воена помош, но дека министрите одлучиле во тој момент дека предност треба да се даде на дипломатијата и деескалацијата во конфликтот со Русија. Белгија не одговорила ниту позитивно, ниту негативно, во меѓувреме пристигнало ново барање кое во моментов се разгледува. Одлуката на Русија да ги признае сепаратистичките покраини Доњецк и Луганск би можела да влијае врз конечната одлука на Белгија за испорака на воена помош во Украина.

Белгија, исто така, сака претходно да се усогласи со европските партнери пред да одговори на барањето.

Министерката за одбрана на Белгија, исто така, не ја исклучи можноста да се испратат белгиски трупи во случај на “најлошо сценарио“, како што рече.

-Секогаш сме подготвени за распоредување доколку е потребно, односно ако има едногласно барање од НАТО за распоредување на нашите сили внатре во НАТО за да ги одбраниме нашите сојузници. Не се наоѓаме во воена опција во Украина. За сега нема барање од воената команда на НАТО, рече Дедондер.

Во меѓувреме премиерот на Белгија, Александер Де Кро, го свика Советот за безбедност во два часот попладнево, седницата е речиси целосно посветена на ситуацијата во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“