Украина планира во 2015 година да повика на редовна служба 40.000 војници

Од:

Украина планира во 2015 година да повика на редовна служба 40.000 војници и двојно да го зголеми буџетот, изјави денеска министерот за одбрана Степан Полторак.

Армијата ќе обучи и 10.500 кадровски војници, изјави Полторак пред украинскиот парламент.

Украина задолжителниот воен рок го укина во октомври 2013 година и повторно го воведе во мај 2014, два месеци откако Русија го анектира Крим, а проруски сепаратисти кренаа бунт во источниот дел на земјата.

Во 2013 година Украина на редовна служба повика помалку од 25.000 лица. Вооружените сили на Украина бројат 130.000 војници.

Полторак изјави дека воениот буџет идната година ќе биде зголемен за два пати и ќе достигне 2,4 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион