Украина: Ослободивме повеќе од 100 квадратни километри во Запорожје

Од:

Во изминатата недела Украина ослободи повеќе од 100 квадратни километри територија во правец на југоисточниот регион Запорожје, соопшти денеска висок функционер на украинската армија.

„Во текот на изминатата недела, нашите сили напредуваа во длабочина зад непријателските линии на околу 3 километри во близина на Мала Токмачка и 7 километри јужно од Велика Новосилка“, рече Олексиј Хромов, заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина, на брифинг со новинарите во Киев.

Тој ги повтори тврдењата на други украински функционери дека седум населени места се ослободени во областа, додавајќи дека повеќето од ослободените населби се мали села.

Денеска, да потсетиме, руското Министерство за одбрана соопшти дека групата Восток на руската армија „одбила два украински напади со воздушни и артилериски оган“ во истата област.

Во меѓувреме, руските сили се обидуваат да ги пробијат украинските одбранбени линии во регионот Харков или во делови од линијата на фронтот во источниот регион Доњецк. Меѓутоа, во исто време Русите се повлекуваат од окупираните територии во околината на Бахмут, изјави Хромов.

Би можело да ве интересира

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Крајот на војната е поблиску отколку што некој мисли вели Зеленски

Зеленски ги објави деталите за неговиот „план за победа“

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Шредер: „Русија е непобедлива“

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ