Украина ослободи од притвор поранешен премиер на Такиџистан обвинет за преврат

Од:

Украинските власти ослободија поранешен таџикистански премиер, обвинет за обид за државен преврат во Таџикистан, кој беше уапсен во почетокот на февруари во Киев и ризикуваше да биде екстрадиран.

Реонското Обвинителство на Киев одлучи да биде ослободен. Украина нема да го екстрадира, изјави од своја страна прес-службата на Главното обвинителство.

Абдумалик Абдулаџанов (64), 16 години се бара од властите во Таџикистан, каде што може да биде осуден на 20 години затвор.

Уапсен е на 5 февруари на меѓународниот аеродром Бориспол, каде што пристигна од Лос Анџелес со лет преку Амстердам.

Абдулаџанов е премиер на Таџикистан од 1992-1993 година, една година подоцна тој ги губи претседателските избори против Емомали Рахмон, кој ја управува централноазиската земја од 1992 година.

Според соопштение на Интерпол, властите во Таџикистан го обвинуваат за „бандитство“ и обид за насилно преземање на власта. Според властите, организирал и атентат во 1997 година против Рахмон, при што претседателот е ранет во ногата, но Абдулџанов негираше дека е вмешан.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности