Украина објави како го гледа крајот на војната: Светските лидери го поддржуваат планот на Зеленски за ставање крај на конфликтот

Од:

На последната сесија на самитот во Хирошима, светските лидери собрани во Групата 7 ја поддржаа мировната формула на украинскиот претседател Володимир Зеленски и се согласија со неговото тврдење дека планот за завршување на војната мора да се заснова на визијата на Украина.

– Украинскиот претседател првпат од почетокот на руската агресија ја сподели преговарачката маса со сите лидери на Г7 и лидерите на најмоќните земји. За Украина, оваа сесија на Г7 беше најважна и најпродуктивна. Украинската страна јасно посочи зошто формулата за мир може да дојде само од Украина. Тоа е затоа што војната се одвива на украинско тло и украинскиот народ е тој што се бори за своето право на независност, територијален интегритет и сигурна и просперитетна иднина. Нашите партнери не слушнаа и се согласија со аргументите што ги изнесе претседателот на Украина – изјави на својот ФБ профил заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Игор Жовка.

Според него, учесниците на состанокот се договориле за следните клучни точки:

– Сите земји мора да се придржуваат до Повелбата на ОН и пред се да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет (на другите земји).

– Секој конфликт мора да се решава по мирен пат преку дијалог.

– Мора да се спречат сите еднострани обиди за насилно менување на статус кво во кој било дел од светот.

– Меѓународниот поредок мора да се заснова на владеење на правото.

„Украинска правда“ пренесува дека учесниците разговарале и за тајмингот на таканаречениот глобален мировен самит, а Украина побарала поддршка од партнерите да го организираат.

Володимир Зеленски предложи на состанокот на Г7 во неделата да се одржи меѓународен самит за украинската мировна формула во јули, меѓутоа, останува многу нејасно за самитот, вклучително и каде Зеленски планира да го одржи настанот.

Зеленски повика на глобална поддршка за ставање крај на војната во Украина врз основа на планот на Киев, велејќи дека тоа е „очигледно израз на рационалност“.

Би можело да ве интересира

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ