Руски функционер изјави дека по нападот со украинско беспилотно летало денес дошло до привремен прекин на електричната енергија во руската област Брјанск, која се наоѓа северно од Украина и граничи со Белорусија, пишува Sky News.
„Округот Климовски утрово беше нападнат со беспилотни летала. Притоа, беше оштетен објектот за снабдување со електрична енергија. Неколку часа немаше струја“, напиша на Телеграм гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, додавајќи дека снабдувањето со енергија е обновен.