Украина најави голема контраофанзива: Подготвени сме, може да започне утре

Од:

Украина е подготвена да ја започне својата долгоочекувана контраофанзива, изјави за Би-Би-Си еден од највисоките безбедносни функционери во земјата.

Олексеј Данилов не даде точен датум, но рече дека офанзивата за враќање на територијата од окупаторските сили на претседателот Владимир Путин би можела да започне „утре, задутре или за една недела“. Тој предупреди дека украинската влада нема право да погреши во врска со одлуката бидејќи ова е „историска можност“ што „не можеме да ја изгубиме“.

Како секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Данилов е во центарот на воениот кабинет на претседателот Володимир Зеленски. Неговото интервју за Би-Би-Си беше прекинато со телефонски повик од претседателот Зеленски, кој го покани на состанок за да разговараат за контраофанзивата.

За време на интервјуто, Данилов потврди дека некои од платеничките сили на Вагнер се повлекуваат од градот Бахмут, местото на најкрвавата битка во војната досега – но додаде дека тие се прегрупираат на три други локации.

Данилов, исто така, рече дека е „апсолутно смирен“ поради тоа што Русија почна да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија, велејќи: „Тоа не е новост за нас“.

Украина со месеци ја планира контраофанзивата, но сака што е можно повеќе време да ги обучи војниците и да добие воена опрема од западните сојузници. Во меѓувреме, руските сили ја подготвуваат својата одбрана. Многу е во прашање бидејќи владата во Киев треба да им покаже на народот на Украина, како и на западните сојузници, дека може да ги пробие руските линии, да стави крај на воениот ќор-сокак и да преземе дел од нејзината територија.

Би можело да ве интересира

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ