Украина ќе добие сто милиони евра заем од Полска

Од:

Полска ќе и додели на Украина заем во износ од сто милиони евра за модернизирање на енергетскиот сектор и за подобрување на граничната контрола, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Бронислав Коморовски.

Половина од кредитот, односно 50 милиони евра ќе бидат искористени за подобрување на работата на граничните премини, додека другата половина за модернизирање на термоелектраните, прецизираше Порошенко.

Тој нагласи дека украинските власти треба да ја вратат контролата врз државната граница на исток.

Украинскиот и полскиот претседател се договориле двете земји да организираат заеднички воени вежби.

Порошенко изјави дека Украина на претстојниот самит на Источното партнерство, следниот месец во Рига ќе постави две прашања, за признавање на европската перспектива на Киев и за укинување на визниот режим на ЕУ за украинските граѓани од 1 јануари.

Полскиот претседател од вчера е во официјална посета на Украина, а денеска тој ќе се обрати пред украинскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер