Украина ќе биде приоритет на новиот генерален секретар на НАТО

Од:

Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг, кој на 1 октомври ќе го преземе местото генерален секретар на НАТО, изјави дека негов приоритет ќе биде ситуацијата во Украина, како и дека враќањето на односите меѓу Русија и НАТО на претходно ниво, нема да биде можно.

– Враќање на претходното не се разгледува како варијанта. Русија се одлучи да се придржува до агресивната линија. Затоа не можеме, како што претходно се надевавме, да продолжиме со јакнење на партнерството со Русија, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека на сериозноста на ситуацијата во Украина „укажува фактот дека се применува воена сила за промена на границата“.

Актуелниот генерален секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен истакна дека Столтенберг треба да го реализира планот за зајакнување на одбраната на земјите-членки на НАТО во Централна и Источна Европа со цел да се спречат евентуалните непријателски акции на Кремљ.

Главен елемент на планот е формирање на мултинационални сили за брза реакција, кои за кратко време би можеле да бидат испратени во Полска, во балтичките држави или во коај било земја-членка на НАТО што би била загрозена. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми