Украина информира за жестоки битки во Донбас

Од:

Украинските и руските војници водат жестоки битки во Донбас, во источниот дел на Украина, соопшти денеска украинскиот Генералштаб.

Оттаму информираат за артилериски и тенковски оган врз повеќе населени места, меѓу кои и селата Водјане, Краснохоривка и Марјинка близу градот Авдиивка.

Тврдењата на Киев не можеа да се проверат независно, но, се совпаднаа со извештаи од руски воени блогери, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Позицијата на линијата на фронтот, сепак, останува непроменета.

Силно гранатирање имаше и околу градот Бахмут, како и во областа Купјанск на линијата на фронтот, важен железнички јазол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ