Украина има четири големи нуклеарни централи

Од:

Борбите и пожарот околу најголемата нуклеарна централа во Европа, во Запорожје, Украина предизвика лавина реакции и осуда од сите страни, а утринава ги потресе и европските берзи.

Украина има четири големи нуклеарни централи или 15 активни реактори. Освен „пензионираната“ Чернобил и сега контролираната од Русија Запорожје, тука се и Електрани на југот на Украина, Ривна и Кмелнитски.

Светските лидери брзо го осудија синоќешниот нападот. Британскиот премиер Борис Џонсон нагласи дека синоќешниот напад на нуклеарната централа е „директна закана за безбедноста на цела Европа“.

Според експертите за нуклеарна енергија, нападот предизвикал многу сериозна ситуација, и да бил оштетен реакторот, тоа би можело да доведе до прегревање и топење на јадрото, а со тоа и истекување на радиоактивен материјал.

Во случај на радијација, населението би имало тешки здравствени последици, не само моментални, туку и долгорочни, како што е развој на некои малигни заболувања. За тоа сведочи најголемата нуклеарна хаварија во историјата, во Чернобил 1986 година.

Синоќешниот напад, според експертите, би можел да предизвика „втор Чернобил“, иако постои голема разлика меѓу Чернобил и Запорожје. Позицијата на нуклеарната централа Запорожје е „многу побезбедна“ тврди доктор Марк Венман од Империјал колеџот во Лондон.

Венман тврди дека реакторот се наоѓа во челично зајакната бетонска зграда која може да издржи екстремни случувања, и природни појави и предизвикани од човечки фактор, како што се експлозии.

Освен тоа, нуклеарната централа Запорожје, не содржи реактори на база на јаглен како што било случајот со Чернобил, каде всушно тоа и предизвикало дополнителен пожар и голем облак на чад, кој патувал низ цела Европа.

„Не мора директно да ја погодите електраната за да предизвикате проблем“ вели Олексиј Пасјук, заменик-директор на еколошката иницијатива „Екоакција“, додавајќи дека „загубите на енергија може да предизвикаат големи проблеми“.

Прекинот на снабдувањето со енергија, а со тоа и прекинот на ладењето на реакторот, исто така може да доведе до ослободување на радиоактивен материјал.

Професорката Клер Коркил, експерт за нуклеарни материјали на Универзитетот Шефилд, вели дека најлошото сценарио би било губењето на ладењето, како што се случи во Фукушима, Јапонија по цунамито во 2011 година.

Украински власти утринава соопштија дека руските воени сили, по ноќешниот напад, ја зазеле нуклеарната централа во Запорожје во југоисточна Украина.

Руското Министерство за одбрана денеска ги обвини украинските саботери за нападот на нуклеарната централа Запорожје, нарекувајќи го чинот „монструозна провокација“. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека нуклеарната централа работи нормално и оти е под руска контрола од 28 февруари.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, изјави дека „нема истекување на радиоактивен материјал“.

– Во текот на ноќта проектил погоди зграда во рамки на комплексот на нуклеарната централа. Зградата не е дел од реакторите. Ова предизвика локален пожар, што беше изгаснат. Сите безбедносни системи на нуклеарната централа не се оштетени. Нема истекување на радиоактивен материјал, изјави шефот на МААЕ, Гроси.

Руската армија засега им дозволи на украинскиот персонал и вработените да останат во контролната соба во Запорожје за да ги одржуваат виталните функции на нуклеарната централа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заедно со 14 „Леопарди“, Полска ќе испрати уште 60 тенкови во Украина

А1он

Украина бара повеќе оружје додека борбите во источниот дел на земјата се интензивираат

А1он

Поради руските напади, превентивни исклучувања на струја во Киев, Одеса и Днепропетровск

А1он

200 тенкови испраќаат од Запад: Беа во Босна и Херцеговина и Косово, сега пристигнуваат во Украина

А1он

Украина добива тенкови, сега има ново барање до Западот: „Ова е црвената линија“

А1он

Русите истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина

А1он