Украина ги затвора границите за странци до крајот на септември

Од:

Владата на Украина ќе ги затвори границите за странски државјани до крајот на септември, изјави премиерот Денис Шмигал.

Тој истакна дека оваа одлука е донесена поради состојбата со пандемијата на коронавирусот.

„Поради зголемениот број на новозаболени, ние мораме да ги заштитиме нашите сограѓани и да покажеме одговорност пред странските партнери“, рече шефот на кабинетот.

Само оние кои имаат дозвола за престој или се членови на меѓународни или хуманитарни мисии ќе можат да влезат во Украина.

Според најновите податоци, за време на пандемијата во Украина биле заразени околу 110.000 лица, а починале 2.354 пациенти.

Во вторникот, украинската Влада предложи продолжување на карантинот во земјата до ноември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците нападнаа пазар, има мртви и ранети

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Баро: Путин сака да избегне мир

Москва: Покренавме голема офанзива во регионот Курск, во сите правци

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети