Според „Сандеј тајмс“, главна тема на разговор на експертите од Евроконтрол со нивните украински колеги, било дека иако надлетувањето над Украина претставува закана за безбедност, Евроконтрол не може да интервенира, бидејќи тука се работи за одлуки на суверена држава.
Адвокат на германски семејства чии роднини загинаа во авионската несреќа, поради овој случај поднел тужба до Европскиот суд за човекови права.
Тој навел дека според правилата на меѓународното право, Украина требало да го затвори својот воздушен простор доколку не била сигурна дека може да даде целосна безбедност, но дека властите во Киев сакале да избегнат загуби кога се работи за транзит.
Се проценува дека вкупна добивка од транзит годишно изнесува околу милијарда долари.
Е. Г.