Украина: Ако Русите ја уништат браната, ќе одговориме уште пожестоко

Од:

Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека „нема да се согласи на мир под принуда“, заканувајќи и се на Русија дека „ќе возврати уште пожестоко“ доколку руските сили ја уништат хидроелектричната брана во Херсон.

“Руските терористи се во агонија. Нуклеарната уцена не успеа, сега се обидуваат да ги заплашат сите со пријатното минирање на хидроцентралата Каковка. Нивната цел е да не принудат да преговараме по нивни услови, но нема да успеат. Украина нема да се согласи на мир под принуда“, објави Јермак на Твитер.

„Има вистински одговор на уцените. Построги санкции, понатамошна деокупација на нашите територии, повеќе оружје и уште поостар однос кон секое руско злосторство. Тие нема да не скршат, ние ќе одговориме уште пожестоко“, додаде Јермак.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива