Непозати лица успеале да украдат повеќе од два километри железничка пруга во регионот на Москва.
Со кражбата е предизвикана материјална штета од околу 52.000 долари. Украдени е железничката пруга меѓу станиците Сазоново и Пилево, источно од Москва.
Пругата е напуштена во изминатите неколку години, а претходно е користена за транспорт на тресет.
Полицијата започна истрага, а крадците се соочуваат со казна затвор од 10 години.