УКИП ја загуби контролата врз едниствената општина во Англија со која управуваше

Од:

Британската десничарска и антиевропска партија УКИП ја загуби контролата што досега ја имаше врз единствената општина во Англија и Велика Британија, во која оптшинските советници од оваа партиа го сочинуваа мнозинството.

Општината Танет, во областа Кент, во југосточна Англија, премина во редовите на досегашната здружена опозиција, откако советничката од редовте на УКИП, Беверли Мартин ја напушти својата досегашна партија и премина кај конзервативците на премиерот Тереза Меј.

– Не можев и понатаму да останам во партијата, затоа што УКИП не наоѓа начин да се промени, изјави Мартин.

Партијата за независност на Обединетото кралство (УКИП) која агитираше за напуштање на ЕУ и за референдум за Брегзит, од минатото лето забрзано ја губи позицијата во британската јавност.

Со својата груба антиевропска реторика и често служејќи се со невистините факти, УКИП успеа да ги повлече со десничарите во редовите на конзервативците, а потоа и поголемиот дел од домашните гласачи, но веднаш по референдумот за ЕУ во јуни минатата година, рејтингот на партијата почна да опаѓа.

Тогашниот нејзин лидер Најџел Фараж, самиот набргу потоа, поднесе оставка на функцијата објаснувајќи го тоа со „завршената мисија“ на него и на партијата за британското излегување од ЕУ.

На предвремените избори од осми јуни годинава, десничарите од УКИП доживеаја целосен неуспех, останувајќи без пратеник во британскиот Парламент и со најлош избрен резултат откако партијата е формирана.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот