Ученик е убиен на пат кон својот дом: Жена го избоде до смрт, мотивот на ова злосторство остана тајна

Од:

Пред четири години во Базел, но и цела Швајцарија, беше шокиран од убиството на момче на возраст од само седум години, кое беше брутално избодено од 75-годишна жена, додека детето се враќаше од училиште.

Тој бил на само 10 минути пешачење од својот дом кога го уби швајцарската државјанка Анџела Н.. Станува збор за дете на баратели на азил кои дојдоа во Швајцарија од Косово.

Жената во истрагата тврдеше дека тоа го направила од невнимание, но истрагата покажала дека убиството на малиот Албанец од Косово бил планиран акт.

Ова злосторство ја шокираше целата земја. По злосторството таа сама се пријавила во полиција.

Уште од 1980-тите, таа и нејзиниот сопруг се познати како проблематични луѓе, кои постојано зборуваа за тоа како полицијата и судските власти плетеле мрежа од заговор против нив.

Еден од роднините на детето, од Липљање, за медиумите го коментира овој случај:

-Никогаш не добивме одговор што и како се случило, само дознавме дека е прободен со нож во вратот. Немаше причина да се случи ова, одеше на училиште како и другите деца – вели вујкото на жртвата,

Несреќното момче го пронајде еден од учителите, кој го виде беспомошното дете како лежи во локва крв.

Мотивот е мистерија дури и за швајцарските истражни органи.

Судот во Базел пресуди дека жената останува под надзор на неопределено време, со оглед на тоа што и е дијагностицирана ментална болест, и поради страв да не го повтори делото и да биде опасност за другите. Швајцарскиот закон дозволува таквите луѓе да останат во затвор на неодредено време.

Би можело да ве интересира

Сисли: Швајцарската војска сака да потроши 50 милијарди франци до 2030 година

Швајцарскиот суд одлучи: Полицајците не се виновни за смртта на уапсениот, роднините на жртвата извикуваа „срам“ и „скандал“

Горан Наумовски

После пет години од убиството: Шестмина полицајци обвинети за смртта на еден Афроамериканец

Горан Наумовски

Србин во Швајцарија е осуден дека 140 пати ја силувал својата ќерка

Два воза излетаа од шините во Швајцарија, неколкумина повредени

Босанец во Швајцарија испушил два „џоинта“ и ја избодел сопругата – судот го ослободил

Горан Наумовски