Телата на двајца полицајци беа пронајдени во дом во Детроит во неделата, а властите веруваат дека станува збор за убиство и самоубиство. Полицајците околу 12:30 часот добиле пријава за сомнителна активност во куќа во предградието Ливонија, на околу 30 километри од Детроит.
Кога влегле во објектот, полицајците пронашле 22-годишна жена и 26-годишен маж кои починале од прострелни рани. Шефот на полицијата во Детроит Џејмс Е. Вајт потврди дека жртвите биле полицајци во неговиот оддел.
Нивните имиња се уште не се објавени, пишува NBC News.
Во моментот на инцидентот во куќата имало бебе, кое не се здобило со никакви повреди и сега го чува член од семејството. Полицијата смета дека убиството и самоубиството се случиле по семејна расправија.