Убиени команданти на Исламска држава при сириски воздушен напад

Од:

Команданти на џихадистичката група Исламска држава (ИД), меѓу кои Сиријци и странци, се убиени денеска при сириски воздушен напад во провинцијата Деир аз Зур, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Сириската државна телевизија објави дека армијата „ликвидирала над 10 терористи“ при нападот извршен источно од аеродромот во Деир аз Зур, меѓу кои и двајца мажи, тврдејќи дека тие се лидери на ИД во провинцијата. При нападот биле уништени 14 оклопни возила.

Сирискиот Центар тврди дека воените авиони погодиле зграда, која била користена како седиште на Исламската држава, во момент кога се одржувала средба на нејзините команданти.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад