Убиени двајца новинари во Мосул

Од:

Двајца новинари на ирачката телевизија „Шаркија“ денеска се убиени во градот Мосул, во северниот дел од земјата.


Екстремистичките групи, кои се против ирачката Влада, им се заканувале со смрт поради нивното известување за безбедносните сили и официјалните претставници во Мосул, соопшти телевизијата.


Мосул е една од најопасните области во Ирак, каде екстремистите често извршуваат напади и бараат пари од сопствениците на продавници.


Од почетокот на месецов во нападите во Ирак се убиени околу 60 луѓе, а од почетокот на годинава повеќе од 4.750, покажуваат податоците на безбедносните и здравствените служби.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак