Убиената Мис на Мексико дилерите ја користеле како „жив штит“

Од:

Мексиканската мисица Марија Сузана Флорес Гамес која беше убиена во текот на оружената пресметка помеѓу нарко банда и војската, најверојатно била користена како „жив штит“, соопшти мексиканското обвинителство.

До судирот дојде во саботата во северозападната држава Синалоа, каде Гамес во февруари беше избрана за мис во таа држава. Во престрелката погинаа уште тројца припадници на нарко бандата.

Војската соопшти дека Гомес имала пушка кога излегла од возилото, но во нивниот извештај не е наведено „дали таа отворила оган, туку само дека ја употребиле како жив штит“.

Форензичарите сепак утврдиле дека на рацете на убавицата имало остатоци кои укажуваат дека и таа пукала со оружјето, соопштија од канцеларијата на обвинетелот. Инцидентот почна кога наоружани членови на нарко банда отвориле оган на патрола на мексиканската војска, по што следела повеќечасовна потера по нив.

Гамес патувала со својот дечко, осомничен член на нарко бандата, кој исто погинал во размената на оган со војската.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба