Убиена студентка во иранската провинција Курдистан, насилство и на северозападот и југоистокот на Иран

Од:

Во северозападниот град Мариван, во провинцијата Курдистан, иранските безбедносни сили вчера отворија оган и употребија солзавец врз демонстрантите, изјавија очевидци.

Демонстрантите излегоа на улиците да го изразат својот револт поради смртта на курдска студентка од градот, која загина во саботата.

Според организацијата за човекови права „Хенгав“ (Hengaw), која од Норвешка го следи третманот на курдското население во Иран, во протестите биле ранети десетици демонстранти, а се стравува дека може да има и мртви.

Засега, меѓутоа, нема независна потврда за овие извештаи.

Според Хенгав, студентката била убиена откако се приклучила на протестите. Иранските државни медиуми ги отфрлија информациите, соопштувајќи дека безбедносните сили излегоа на улиците откако неколку млади луѓе беа убиени во протестите.

Протестите во Мариван дојдоа откако државните медиуми објавија дека четворица полицајци се убиени во југоисточната провинција Систан и Белучистан.

Во последниве недели, во оваа покраина што се граничи со Пакистан и Авганистан, дојде до жестоки судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он