Вооружени напаѓачи нападнале денеска возило на германската Амбасада во Јемен во обид да ја киднапираат амбасадорката во таа држава, при што е убиен нејзиниот телохранител.
Тој бил убиен во момент кога се обидувал да ја спаси амбасадорката на Германија во Јемен, Кароле Милер-Холткемпер, да биде киднапирана од напаѓачите.
Нападот се случил додека амабсадорката со обезбедувањето излегувала од супермаркет во квартот Хада во Сана во кој се наоѓаат странски амбасади. Според првични информации, нападот го извршиле две лица кои успеале да побегнат со автомобил.