Еден од синовите на врховниот верски лидер на движењето Муслиманско братство Мохамед Бадије, е убиен вчера во Каиро, за време на протестите наречени „Ден на гневот“ против актуелната египетска Влада, која ја поддржува војската, соопшти денеска партијата Слобода и правда.
Амар Бадије (38) починал од повредите при ранување додека протестирал на плоштадот Рамзез вчера.
Засега не е познато каде се наоѓа неговиот татко Мохамед, кој е обвинет за предизвикување насилство и кому судењето треба да почне на 25 август.