Убиен лидерот на сунтиската милиција во Бакуба

Од:

Вооружени напаѓачи денеска го убија лидерот на локалната сунитска милиција и неговите двајца телохранители во близина на градот Бакуба, на 60 километри североисточно од Багдад, соопштија ирачки официјални претставници.


Напаѓачите од две возила во движење пукале врз автомобилот на Басем Махмуд.


Басем беше на чело на сунитската група „Сахва“ која се придружи на борбата против Ал Каида во текот на војната во Ирак.


Денешниот напад се случи само еден ден откако во експлозија на бомба во сунитска џамија погинаа најмалку 26 лица.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак