Специјални сили на француската полиција го ликвидираа денеска киднаперот кој држеше заложници во супермаркет во Порт де Вансан, во источниот дел од Париз.
За него полицијата соопшти претходно дека е поврзан со осомничените за убиството во францускиот неделник.
Според полициски извори, oслободени се неколкуте заложници од супермаркетот во Порт де Вансан во источниот дел од Париз, но сепак четвориза од заложниците настрадале при акцијата. Ранети се и тројца припадници на специјалната полиција.